Политика за користење на „колачиња“
1. Цел
Оваа политика има за цел да ги опише видовите колачиња што ги користи НЕКСИО Компјутери ДОО на нивната веб страница и целите за нивна обработка.
2. Намена
НЕКСИО со помош на колачињата го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интерент страната.
3. Дефиниција за колачиња
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот копјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотек можат да бидат “постојани” или “привремени”.
Постојани колачиња: овие колачиња остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба) додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб страницата која го има поставено тоа колаче. Колачињта се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и префернеции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да Ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
4. Зошто користиме колачиња?
На веб страната користиме колачиња од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб страницата,
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци,
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите од екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот,
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачињата на оваа веб страница.
Како ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
5. Кои колачиња ги користи друштвото?
Користиме постојани колачиња, кои го памтат пребарувањето/сесијата кога ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
6. Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?
Информациите поврзани со колачињата, не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозожиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно. Можете да ги избришете сите колачиња кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.
7. Потребата од ваша согласност
За сите колачиња е потребна согласност. Таа се бара пред да се постават колачињата на вашиот уред. Согласност можете да дадете со кликнување на соодветнот копче на банерот што ви е прикажан на почетокот на вашата посета. Доколку не сакате да дадете согласност или сакате да ја повлечете согласноста за било какви колачиња во било кое време, ќе треба да ги избришете и блокирате односно оневозможеите колачиња преку поставките на прелистувачот. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интернет страната може да не функционираат како што е предвидено.
8. Промени во Политиката
НЕКСИО има право да ја ажурира оваа Политика во било кое време со известување на интернет страната и ревидиран датум на документот.