Политика за замена, односно враќање на производ на барање на Потрошувач
Можноста за замена на производ што е купен во НЕКСИО е во рок од 15 дена од купувањето. По истек на овој рок, производот подлежи под сервис и истиот не може да се врати и/или замени.
Замената може да биде направена доколку се исполнети следните услови:
- Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен (без никакви оштетувања на производот и амбалажата)
- Амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот
- Клиентот треба да ги приложи фискалната сметка/ фактура и пропратната документација
- Замената потрошувачите може да ја реализираат во салонот од каде е издадена фискалната сметка
Во случај на купен производ специјално по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор што е во согласност со член 50 од Законот за заштита на потрошувачите не може да се изврши замена/враќање на производ - освен ако се утврди со проверка дека подлежи на процедура за сервис.
За производи кои се продаваат без амбалажа и фабрички пломби, како и за производи кај кои постојат индиции дека се употребувани, производот претходно се праќа на овластен сервис кој ќе потврди дека производот е автентичен, не е употребуван и не е оштетен.
Во случај да нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот:
- Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.
- Во случај кога сте го платиле со платежна картичка, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка меѓутоа процедурата до комплетна реализација во банките може да потрае до 30 дена, во зависност од банката.
- Доколку клиентот сака производот да го врати преку служба за достава, потребно е претходно да го најави истото на маил или телефонски кај продажните лица. По пристигањето и извршена проверка на производот ќе биде реализирана замената/повратот на средства за истиот доколку условите се исполнети.